Кил сигурен во Белорусија, со два бода се враќа во Германија

Екипата на Кил на гостински терен во Белорусија славеше победа против Мешков Брест со 33:30 во рамките на 1. коло во Лигата на шампионите.

Во првото полувреме, Кил имаше целосна доминација на теренот. Ракометарите на Мешков Брест по лошиот старт и негативата од 2-3 разлика која ја имаа во првата половина во првиот дел, во продолжение заиграа постабилно во нападот и се доближија на минус еден разлика, 9:10.

Поискусните ракометари на Кил секоја грешка на противникот ја претвораа во погодок. По големиот број на обиди на домаќините за враќање во игра и резултатска неизвесност, Кил успеа повторно да се одлепи на три разлика, 14:11, и до самиот крај на полувремето да ја сочува својата предност. По 30 минути игра резултатот беше 18:15 за екипата на Кил.

Во второто полувреме екипата на Мешков Брест намали на 17:19, додека Кил од 35. минута па сè до крајот на натпреварот не дозволи да има изненадување. Чекор по чекор предноста се зголемуваше за гостинската екипа, а поради големата опуштеност во последните десетина минути од страна на ракометарите од Кил, крајниот исход беше само три гола разлика во нивна корист.

Најефикасен ракометар на теренот беше Никлас Екберг со 11 гола. Во поразениот табор, екс-ракометарот на Вардар, Сташ Скубе заедно со Станислав Кашпарек и Никита Вајлупов беа најефикасни со по шест гола.

Во второто коло, Мешков Брест силите ќе ги одмери со актуелниот шампион на Македонија, Вардар во Скопје на 22 септември со почеток од 20:45 часот. Кил на домашен терен ќе се соочи со норвешкиот претставник, Елверум.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛБОРГ22004
2КИЛ22004
3ПИК СЕГЕД21103
4ВАРДАР 196121103
5ЕЛВЕРУМ20111
6МОНПЕЛЈЕ20111
7МЕШКОВ20020
8ППД ЗАГРЕБ20020