ИДЕАЛЕН ТИМ НА 5. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

За разлика од лани, годинава има 16 екипи. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат осум екипи.

Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари во двете групи од суперлигашката конкуренција.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.

Ќе можете да го дадете вашиот глас за еден од ракометарите во изборот најдоцна до недела на пладне, кога ќе биде познато кој ќе биде избран за најкорисен играч на колото.

Според Вас, кој ракометар го одбележа 5. коло од машката Суперлига 2022/2023?

Стефан Христоски - голман - Прилеп
41.04%
Мартин Димовски - десно крило - Тиквеш
35.07%
Мартин Серафимов - десен бек - Алкалоид
6.62%
Стојанче Стоилов - пивот - Вардар
4.89%
Павле Атанасијевиќ - лев бек - Еурофарм Пелистер
4.45%
Петар Атанасијевиќ - лево крило - Еурофарм Пелистер 2
4.34%
Ласко Андоновски - среден бек - Пролет
3.58%

РЕЗУЛТАТИ ОД 5. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

група А

ПРИЛЕП – ВАРДАР НЕГОТИНО 22-18
ОХРИД – ВАРДАР 22-27
АЛКАЛОИД – СТРУГА 36-29
БУТЕЛ СКОПЈЕ – КУМАНОВО 31-28

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196112120036
2АЛКАЛОИД12100230
3БУТЕЛ1280424
4ОХРИД1270521
5СТРУГА1251616
6ПРИЛЕП1231810
7ВАРДАР НЕГОТИНО1210113
8МРК КУМАНОВО1210113

група Б

РАДОВИШ – ГОЛДЕН АРТ 22-23
ТИКВЕШ – ПРОЛЕТ 24-24

ЈУНИОР КВ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 25-38
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – СКОПЈЕ 28-19

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12111034
2ПРОЛЕТ1292129
3ТИКВЕШ 20141281325
4ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21271422
5ГОЛДЕН АРТ1250715
6СКОПЈЕ 20201220106
7РАДОВИШ121295
8ЈУНИОР К.В.1211104

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 5. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: Стефан Христоски (Прилеп) – Голманот на прилепчани имаше дваесетина одбрани и е меѓу најзаслужните за првиот суперлигашки триумф.

ЛЕВО КРИЛО: Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Левото крило на битолчани со пет гола го водеше тимот до триумф над Скопје.

ЛЕВ БЕК: Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер) – Иако голем дел од мечот со Јуниор КВ одигра и како среден бек, Атанасијевиќ со седум гола беше меѓу најдобрите на дуелот.

СРЕДЕН БЕК: Ласко Андоновски (Пролет) – Средниот бек на Пролет одигра одличен натпревар во Кавадарци и со шест гола има големи заслуги за големиот бод.

ДЕСЕН БЕК: Мартин Серафимов (Алкалоид) – Македонскиот репрезентативец со девет гола придонесе во новата победа на новакот во суперлигашкото друштво.

ДЕСНО КРИЛО: Мартин Димовски (Тиквеш) – Леворакиот кавадарчанец, кој игра и на бековската позиција, со осум гола беше најдобар стрелец во ремито со Пролет.

ПИВОТ: Стојанче Стоилов (Вардар) – Пивотот на македонскиот првак постигна пет погодоци во Охрид и има големи заслуги за триумфот покрај езерото и продолжувањето на победничката низа.