Дамите од Пелистер го напуштија дното, се израдуваа на првиот триумф

Откако синоќа во Битола се радуваа на првата победа на машкиот тим, денеска и женската екипа се израдува на првата победа сезонава и тоа во Супер женската лига. Пелистер денеска го совлада тимот на Шампион со 23:22 така што повеќе не е на последната позиција.

Во текот на целата средба имаше надигрување при што и двете екипи имаа свои моменти односно се наоѓаа во предност. Се менуваа постојано во предноста и се трудеа да го зголемат водството, но никој не можеше да стигне до поголема предност.

Таквата игра донесе до предност од само 11:10, а тоа беше резултат кој најавуваше интересно второ полувреме.

И вториот дел не донесе ништо ново во овој поглед односно во предноста на некој од тимовите. И понатаму имаше водство и на едната и на другата страна. До крајот траеше неизвесност, а во последните четири минути имаше само еден гол.

Пелистер во 56. минута поведе со 23:21, а гостинките го постигнаа последниот гол во последната минута од натпреварот. Тоа беше само за ублажување на поразот. Со ова Пелчистер воедно стигна до прв триумф сезонава и го напушти последното место на табелата во Супер женската лига.

Инаку, Пелистер има уште две средби за да го комплетира есенскиот дел од сезоната. Треба да ги одигра уште дуелите против Гевгелија и Спартак.

ПЕЛИСТЕР – ШАМПИОН              23:22 (11:10)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Наташа Глигороска и Викторија Прентоска од Струга. Делегат: Сашо Јанкулоски од Битола.

ПЕЛИСТЕР: Богоевска, Тодоровска, Наумовска 1, Дишковска 1, Бошевска, Раиф 3, Босиловска, Милосављевиќ 6, Дојчиновска, Спировска, Николоска, Белевска 6, Јанкуловска 6, Гроздановска.

Седмерци: 5/9, Исклучувања: 6 мин.

ШАМПИОН: Велковска, Маја Петровска 1, Богоевска 2, Димитриевска 6, А. Петровска, Јовановска 1, Бојковска, Миа Петровска 4, Ристевска, Филипова 8.

Седмерци: 6/6, Исклучувања: 8 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР14120236
2ЧАИР14120236
3КУМАНОВО14110333
4ПЕЛИСТЕР 20121481525
5ШАМПИОН1450915
6Скопје1432911
7ГЕВГЕЛИЈА1430119
8СПАРТАК1401131