Голманите на Тиквеш остануваат во Кавадарци, добија нови договори

Марјан Велков и Александар Стојаноски и во следната сезона ќе стојат на голот на ГРК Тиквеш, а ова стана јасно откако добија нови договори од страна на раководството на клубот.

Екипата се наоѓа на подготовки, а полека се формира тимот кој наскоро треба да биде оформен целосно и да биде познато со какви сили ќе се влее во новата сезона.

Александар Стојаноски дојде минатата година од Јуниор Кисела вода и покажа дека со своето искуство може да биде од големо значење за клубот. Марјан Велков, пак, е од младата генерација во клубот, но е голман пред кого има убава иднина.

Со нив се затвора голманското прашање, па Ристо Магдинчев може да смета на два квалитетни голмани за новата сезона.