Георгиевски и ЧСМ Букурешт едвај извлекоа реми против Алингсас

Романскиот ЧСМ Букурешт, и покрај финансиските проблеми со кои се бори целата сезона, обезбеди место во четвртфиналето на Челинџ Купот.

По гостинската победа во првиот дуел од осминафиналето кај шведскиот Алингсас со 28-29, ЧСМ Букурешт успеа да се спаси од пораз и елиминација.

Тимот на Гоце Георгиевски губеше во финишот со три гола разлика, но токму македонскиот репрезентативец му помогна да се врати во игра.

По 19-22, ЧСМ стигна до 23-23, а во последната минута се влезе со водство за Алингсас со 23-24. Сепак Бразилецот Тешеира даде израмнувачки гол за Романците.

Георгиевски беше втор стрелец и успеа да постигне четири погодоци. Ривалот во четвртфиналето, ЧСМ ќе го дознае во вторник.