Возбудувања во Кавадарци, Тиквеш минимално против Прилеп, го зачува првото место

Во интересен натпревар кој беше одигран во салата „Јасмин“ во Кавадарци екипата на ГРК Тиквеш дојде до тешка победа против Прилеп со 29:28.

Од почетокот на средбата резултатот беше неизвесен. И едниот и другиот состав имаа свои моменти, но никој не успеваше да направи поголема предност.

Во првото полувреме и двете екипи се менуваа во водство. Прилеп беше во предност од 6:4 после десетина минути игра, а потоа и од 7:5, но домашните се вратија и во финишот на првото полувреме се влезе во игра гол за гол во која нијанси беа во прашање кој ќе отиде на паузата со предност.

На одмор резултатот беше 15:15, а потоа следуваше игра во која секој напад беше максимално важен. Речиси постојано тимот на Тиквеш беше во водство од гол до два, но гостите се враќаа во ритам и израмнуваа. Се играше средба со многу резултатска тензија, а како се движеа работите беше јасно дека една топка ќе решава многу на овој дуел.

Постојаната неизвесност остана до крајот од натпреварот. Кавадарчани не искористија напад за да дојдат до два гола разлика и до победа, па беше јасно дека во последниот напад тимот на Прилеп ќе може до реми.

После тајм-аутот на 15 секунди до крајот гостите се прекомбинираа, а последниот шут го имаше Гавашелишвили и тоа после истекот на времето. Тој не успеа да реализира, па победата остана за домашниот тим кој останува лидер на табелата во плеј-аут лигата.

29 - 28
Конечен резултат

Место

СЦ „Јасмин“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ТИКВЕШ 20141529Победа
ПРИЛЕП1528Пораз

ТИКВЕШ 2014

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Александар Стојаноскиголман11
3Пеце Ѓорѓиоскипивот14
6Стефан Колоскилев бек00
9Орданчо Лазовлево крило04
12Марјан Велковголман00
14Душан Медиќцентрален бек00
18Вања Смиљаниќдесен бек07
19Дејан Гошевскидесен бек00
23Костадин Петровпивот00
24Дарко Кондевлево крило00
26Ристо Окардовпивот01
33Димитар Коцевлево крило11
34Страхиња Симиќцентрален бек03
77Јане Јанчевцентрален бек18
92Давид Иванов-00
 Вкупно 429

ПРИЛЕП

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Александар Тренчевскипивот25
7Хазеин Рустамовлево крило010
9Христијан Бикоскилево крило00
10Сашко Манческипивот00
11Владимир Трајкоскилев бек15
12Иван Ангелескиголман00
13Ивица Дукоскицентрален бек01
14Даниел Андоновскилев бек11
17Хари Павловдесен бек00
18Давор Шокоскилев бек01
19Антонио Бурчевскипивот00
22Мартин Карафилоскипивот00
23Реваз Чантуријадесно крило14
33Стефан Христоскиголман00
34Мириан Гавашелишвилилев бек21
77Зураб Цинцадзеголман00
 Вкупно 728

Officials

Судии:Делегат:
КОЛЕВСКИ ЃОКО
КРКАЧЕВ САШО
КАМИШЕВСКИ ДУШКО

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ТИКВЕШ 2014970221
2ПРИЛЕП960318
3РАДОВИШ950415
4Г.А.-КЛ7950415
5ЈУНИОР К.В.941413
6МЛАДОСТ 1977941413
7РАБОТНИЧКИ940512
8АСТРАИОН90090