Ракометарот од Македонија, Виктор Гигов кој настапува во грчкото првенство во тимот на ПАОК го продолжи договорот со клубот и ќе остане уште една сезона да го брани голот.
Откако пристигна минатата сезона во ПАОК имаше одлични изданија што беше причина за управата на клубот да му го продолжи договорот. Гигов има 43 години и во петата деценија од животот брани одлично така што годините не се никаков проблем.
ПАОК во изминатата сезона стана вице-шампион на Грција откако во финалето од плеј-офот загуби од најголемиот конкурент АЕК Атина со 2:0 во серијата, а во новата сезона ќе се обиде да стигне до шампионската титула.
Гигов претходно бранеше за Борец и Младост Богданци во Македонија, за хрватската Цриквеница, Короса од Јужна Кореја, исландскиот ИБВ, грчкиот Аполон Каламарија како и турските Мерсин, Кајсери и Селка.