Вардар платил оштета – Висла Плоцк „ќари“од трансферот на Тото

Екипата на Висла Плоцк од Полска заработи од трансферот на Жереми Тото во македонскиот шампион Вардар со оглед на тоа што за ослободување на обврските на ракометарот мораше да се плати оштета.

Французинот во март го продолжи договорот на уште една година со Висла Плоцк, но раководството на Вардар било упорно во намерата да го донесе во своите редови.

Двете страни, Висла Плоцк и Вардар, постигнале договор за ангажирање на пикерот од Франција во редовите на македонскиот клуб, па Тото ќе може да дојде во Скопје.

Пикерот од Франција во Вардар ќе пристигне на почетокот на новата сезона. Во дресот на Висла Плоцк, Тото одигра вкупно 30 официјални натпревари и постигна 60 погодоци во сезоната што измина.