Вардар и Металург ќе си „спарингуваат“

Првиот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона, македонскиот шампион Вардар ќе го одигра следната недела.

Противник ќе биде големиот ривал Металург, а натпреварот ќе се одигра на 5 август. Вардарци се вратија вчера од Златибор, имаат слободен викенд, а од понеделник им се враќаат на тренинзите.

Двобојот со Металург ќе биде веројатно единствена проверка пред првиот официјален натпревар за вардарци против Еурофарм Пелистер во Суперкупот на 11 август во Скопје.

Потоа Вардар ќе настапи на турнирите во Струга и Магдебург, пред четвртфиналните натпревари со Загреб од регионалната СЕХА лига на 26 и 31 август.