Банхиди го водеше ПИК Сегед до триумф против Мешков Брест

Ракометарите на ПИК Сегед остварија сигурна победа на домашен терен против Мешков Брест со 30:27 во натпревар од групата А во Лигата на шампионите.

Откако проблемите со коронавирусот на ПИК Сегед се минато конечно унгарскиот состав одигра добар натпревар на потребното ниво за Лигата на шампионите. Само почетокот беше изрманет, а во продлжението доминираше ПИК Сегед.

После отварањето и 3:3, ПИК Сегед поведе 5:3 и 7:4 и направи предност која успешно ја одржуваше до крајот на првиот дел, а во финишот и ја зголеми. По 30 минути игра домашниот тим имаше водство од 18:13 и добра залиха пред второто полувреме.

Бенце Банхиди беше нерешлива енигма за тимот од Белорусија, тој имаше максимална реализација од линијата за шест метри на асистенциите од неговите соиграчи. Во вториот дел ПИК Сегед најчесто имаше четири до пет предност, само во завршницата Мешков успеа да се доближи на минус два, но веќе беше доцна за пресврт.

Избраниците на Хуан Карлос Пастор ја остварија втората победа во Лигата на шампионите и го напуштија дното на табелата. Бенце Банхиди беше најдобар стрелец на натпреварот со 11 гола од исто толку удари, а Радивојевиќ постигна пет погодоци. Во составот на Мешков, Марко Паниќ со седум гола беше најефикасен, а Иван Пешиќ забележа 13 интервенции.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ПСЖ ХЕНДБОЛ980116
2ВЕСПРЕМ971115
3МАГДЕБУРГ952212
4Динамо Букурешт942310
5ГОГ93157
6ППД ЗАГРЕБ92256
7ВИСЛА ПЛОЦК92165
8ПОРТО90181