Анчева даде 12 гола, Астибо го остави Кузман Вардар на дното

Ракометарките на Астибо ја остварија втората победа во плеј-аут конкуренцијата откако славеа на гостувањето кај Кузман Вардар со 24:31 во 4. коло од Женската лига.

Во првиот дел двете екипи имаа добри периоди и го менуваа водството, сепак не усепаја да направат сигурна предност. Гостите на полувреме заминаа со позитива и ја најавиа победата. Астибо водеше 12:15 после 30 минути игра.

Во продолжението Кузман Вардар немаше одговор на играта на Астибо, гостинскиот тим рано се одлепи на пет гола предност. Оваа предност без поголеми проблеми ја сочуваа до крај за сигурен триумф и запишување на нови бодови.

Најефикасна во тимот на Кузман Варда беше Анасасија Ѓоѓриева која постигна девет гола, додека Сандра Јовевска погоди четири пати. Во победничкиот тим на Астибо две ракометарки беа особено рапосложение, Марија Анчева со 12 погодоци и Викторија Ананиева со десет гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ШАМПИОН650115
2Скопје631210
3АСТИБО43019
4ДЕСПИНА43019
5ГЕВГЕЛИЈА63039
6СПАРТАК60151
7КУЗМАН40040