Џабе десет гола на Сагосен, Франција триумфираше во дербито против Норвешка

Иако пред стартот на Светското првенство, ракометните стручњаци предвидуваа слабо издание на Франција, сепак беа демантирани уште во првото коло. Француските репрезентативци ја победија Норвешка, која беше фаворизирана пред овој дуел со 24-28.

По почетните 1-1, со головите на Мае, Франција се одлепи на 1-4, но на скандинавскиот претставник не му требаше многу време да се врати во игра и израмни на 6-6.

До крајот на првото полувреме најчесто се играше гол за гол, иако навидум Франција ја имаше контролата на теренот. На пауза се замина со резултат 13-13.

На стартот на второто полувреме, преку Деска, Н’гесан и Порт, Франција стигна до водство од плус три, 13-16. Сагосен беше расположен во првиот дел, но сега се разигра Јондал, па Норвешка одново стигна да израмни на 18-18.

На десетина минути до крајот беше 20-22 за ФРанција, па следуваше серија од три голови преку Мае, Н’гесан и Ремили за 20-25. Тука беше ставен крај на дилемите кој ќе слави на оваа средба.

До крајот на мечот Норвежаните само успеаја да намалат на конечни 24-28. Најдобри стрелци во француската репрезентација беа Мае со девет, како и Ремили, Н’гесан и Деска со по четири, додека кај Норвежаните малку беа десет гола на Сагосен.

14 јануари 2021
24 - 28
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
14 јануари 2021 22:12 ГРУПА Е 2020/2021 14.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
НОРВЕШКА1324Пораз
ФРАНЦИЈА1328Победа

НОРВЕШКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Сандер Сагосенлев бек110
7Сандер Оверјордетлев бек00
8Бјарте Мирхолпивот03
9Хенрик Јакобсенпивот10
11Петер Овербипивот02
12Кристијан Саверасголман00
15Кент Робин Тонесендесен бек11
17Магнус Јондаллево крило03
18Вилијам Арлев бек00
19Кристијан Бјорнсендесно крило11
23Горан Согард Јоханесенцентрален бек02
25Елвинд Тангенгдесен бек00
27Харалд Рајнкинддесен бек12
30Торбјорн Бергерудголман00
32Томас Солстадпивот00
71Александре Кристоферсен Блонцлево крило00
 Вкупно 524

ФРАНЦИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Недим Ремилидесен бек04
7Ромеин Лагардцентрален бек00
9Мелвин Ричардсондесен бек00
10Дика Мемдесен бек20
11Николас Турнапивот00
12Винсен Жерардголман00
14Кентин Маецентрален бек19
17Тимоти Н’Гесанлев бек04
19Лук Абалодесно крило02
21Мишел Гигулево крило00
22Лука Карабатиќпивот11
23Лудовик Фабрегаспивот12
24Весли Пардинголман00
25Уго Дескалево крило04
27Адриен Дипандадесен бек00
28Валентин Портдесен бек02
 Вкупно 528
ПозЕкипаНПРЛБ.
1СРБИЈА32014
2КАТАР31022
3АЛЖИР30030