Јунак меѓу стативите – Трајкоски не можеше да ги задржи емоциите (ФОТО)

Новакот во Суперлигата, тимот на Алкалоид, прослави огромна победа над двократниот европски првак Вардар со 22-21.

Домашните водеа во текот на мечот и со седум гола разлика, на крајот попуштија, но секогаш кога беше најпотребно тука беше голманот Благојче Трајкоски.

Прилепчанецот нанижа 15 одбрани против шампионот Вардар, а една од најважните беше онаа по шутот на Талески во последните мигови.

Трајкоски брани во одлична форма во текот на целата сезона, а колку му значи триумфот над „црвено-црните“ доказ беа големите емоции по завршувањето на мечот.

Оваа победа на Алкалоид беше добредојдена и во Битола кај Еурофарм Пелистер, кој утре оди на гости кај Тиквеш во Кавадарци и со победа ќе се израмни со Вардар.