Швеѓаните си обезбедија бодови и си заштедија сили за дербито со Египет

Селекцијата на Шведска дојде до уште една победа на Светското првенство откако после победничкиот старт против Македонија денеска го совлада и составот на Чиле со 41:26 така што има сигурни два бода за пренесување во следната фаза.

Чилеанците не беа никаков проблем за селекцијата на Шведска што се очекуваше и пред почетокот на натпреварот така што на теренот беше само покажано кој е фаворитот. Немаше простор за нешто повеќе така што Чиле можеше само да се спротивстави колку може повеќе за да остане во помала негатива.

Швеѓаните имаа четири гола разлика на крајот од првиот дел кога имаа предност од 20:16. Имаа ефикасна игра што ја продолжија и во второто полувреме така што работите продолжија во ист стил.

Во финишот Шведска само ја зголеми предноста и стигна до разлика од двоцифрен број на голови. За Чиле беше јасно дека шансата ќе ја бара против Македонија в понеделник така што денешниот дуел беше и подготовка за таа пресметка која е од 15:30 часот. Шведска, пак, в понеделник од 18 часот ќе игра против Египет за првото место во групата и за пренесување на уште два бода во следната рунда.

16 јануари 2021
26 - 41
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Крај
16 јануари 2021 22:06 ГРУПА Г 2020/2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЧИЛЕ1626Пораз
ШВЕДСКА2041Победа

ЧИЛЕ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Филип Бариентосголман00
2Себастијан Кабелослево крило01
4Ервин Фојхтманлев бек17
7Диего Рејеслев бек11
9Хавиер Фрелијпивот22
10Емил Фојхтманцентрален бек02
11Естебан Салинаспивот04
12Фелипе Гарсијаголман00
16Винсенте Гонзалезголман00
17Родриго Салинасдесен бек06
20Себастијан Павездесно крило00
21Харалд Фојхтманлево крило10
23Бенџамин Калејалево крило02
29Марко Онетопивот30
30Даниел Ајаладесен бек01
77Виктор Доносолев бек00
 Вкупно 826

ШВЕДСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Јонатан Карлсбогардлев бек03
5Макс Дарјпивот11
8Алфред Јонсонлев бек01
11Даниел Петерсондесно крило05
12Андреас Паличкаголман00
15Хампус Ванелево крило00
16Микаел Агефорсголман00
19Феликс Кларцентрален бек03
22Лукас Пеласлево крило012
24Џим Готфридсонцентрален бек14
26Линус Персондесен бек13
27Оскар Зунефелдтлево крило00
28Јонатан Едвардсонцентрален бек00
33Лукас Санделдесен бек06
62Валтер Хринцдесно крило03
18Фредрик Петерсонпивот10
 Вкупно 441

Officials

Судии:
Артур Брунер -Швајцарија
Морад Салах -Швајцарија
ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕГИПЕТ33006
2ХРВАТСКА32014
3САД31022
4МАРОКО30030