Тиквеш донесе кружен напаѓач

Тимот на Тиквеш од Кавадарци во последните денови од преодниот рок успеа да донесе уште еден нов ракометар во своите редови.

Станува збор за Борис Илиевски, пикерот кој досега беше член на Бутел Скопје, а претходно играше за Работнички и Борец Велес.

Тој ќе им прави друштво на Пеце Ѓорѓиески и Ристе Окардов на пивотменската позиција во ростерот на тренерот Горан Андоновски.

Тиквеш претстојниот викенд ќе ја започне битката за опстанок во суперлигашкото друштво со уште седум екипи – Астраион, Младост Богданци, Прилеп, Работнички, Јуниор КВ, Радовиш и Голден Арт КЛ7.