Талески: Ако го оставиме срцето на терен, тогаш…

Дуелот со Шведска треба да падне во заборав, бидејќи денеска не очекува нов предизвик на Мундијалот во Египет.

Домаќините никогаш не се посакувани за ривал на големите напреварувања, но денеска ќе мора да се соочиме со „фараоните“ предводени од Роберто Парондо.

Левиот бек Филип Талески очекува да бидат поправени сите грешки од првиот дуел и да биде подобро изданието против Египет.

„Тешко е да се заборави дуелот со Шведска. Секој поединечно анализираше, сите се професионалци, стручниот штаб има спремна видео анализа. Имаме уште два меча со Египет и Чиле. Тоа што го договоравме за Шведкса, мора да го оствариме со овие два ривали. Ќе ни биде тешко со домаќинот, а мораме да ги заборавиме и пријателските победи на Чиле. Ако го сотавиме срцето на терен, како што секогаш го оставала Македонија, тогаш може да се надеваме на позитивен резултат“, вели Талески.

Натпреварот меѓу Македонија и Египет се игра вечерва во „Каиро Стадион“ со почеток во 18:00 часот.