Седлоска распали во Франција, го наполни голот на Безансон

Репрезентативката  на Македонија, Андреа Седлоска одигра одлична средба и беше најдобрата ракометарка на тимот на Локомотива, но таа и колешките загубија со 27:28 на гостувањето кај Безансон во Франција.

Ова беше натпревар на кој составот на Локомотива беше во обид да дојде до првиот триумф во 2. Коло од групата А, но не успеа во тоа.

Седлоска имаше одличен ден бидејќи постигна 11 гола и беше убедливо најефикасна на теренот. Три гола од нив беа од линијата од седум метри, а имаше и добар процент бидејќи постигна 11 гола од 14 шута.

Во Групата А играат уште екипите на Мосонмаѓаровар и Сола. Составот од Норвешка, Сола е следниот ривал на Локомотива, а тимот на Седлоска одново ќе биде гостин.