Русите ја сакаат популарната ,,Катјуша” за химна во Египет

Репрезентацијата на Русија на Светското првенство во Египет настапува како „тим на ракометна федерација на Русија“.

Руската комисија на спортисти до Олимпискиот комитет достави предлог, наместо интонирањето на химната, да се слуша популарната руска песна во светот „Катјуша“. Според санкциите од страна на Арбитражниот суд за рускиот спорт, на селекцијата на Русија е забрането употребата на знамето и грбот кои мораа да бидат заменети со логото на руската ракометна федерација без текст.

Освен овие санкции исто така е забрането употребата на химната, а беше дозволено да се најде нејзина замена пред почетокот на Светското првенство. Како непријатна вест е забраната на употреба на името Русија во текот на целото светско првенство во Египет во било кој контекст.

Сепак рускиот олимписки комитет треба што побрзо да ја разгледа одлуката бидејќи времето во Египет поминува, а репрезентативците на Русија моментално како химна ја имаат ИХФ химната.