Ракометарите со полиција се пробиваа од хотел до сала (ВИДЕО)

Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва ќе го стартува настапот на Светското првенство во Египет со мечот против Шведска.

Според протоколот на организаторот, секоја репрезентација со полициска придружба се упатува од хотелот кон салата во која ќе се игра наптреварот.

Хотелот е одадалечен од сала дваесетина километри, па треба околу 40 минути да се стигне до крајната дестинација.

Наптреварот меѓу Македонија и Шведска се игра во 20:30 часот.

Погледнете како ракометарите пристигнаа во салата…