Парондо: Мило ми е што Македонија ќе игра во Египет!

Некогашниот предводник на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, сега е предводник на репрезентацијата на Египет.

Шпанскиот стратег со домаќинот на СП стартуваше победнички и славеше во првиот дуел против Чиле со 35-29.

„Задоволен сум од победата и се надевам дека ова ќе биде долг шампионат за нас. Игравме навистина добро и во одбраната, и во нападот. Не можам да барам повеќе. Ѝ честитам на Владата на Египет и на сите во организацијата за ваквиот голем настан. Ел Ахмар има проблеми со грбот и ќе го чувам за дуелите со Македонија и Шведска. Нема никакво казнување или нешто слично, далеку од тоа. Им честитам на Македонците на доаѓањето во Египет и мило ми е што ќе играат во Египет, но истовремено жал ми е што отпадна Чешка. Таа ситуација секако не е лесна за тренерот, бидејќи со месеци се подготвувавме за Чесите, а сега имаме многу кратко време да се подготвиме за тотално поразличен противник. Среќен сум поради Македонија, имам убави спомени од Скопје“, изјави Парондо.

Македонија вечерва од 20:30 часот игра со Шведска, а задутре ќе се соочи со Египет и Пародно.