Мојсо им подели совети на соиграчите – преку Зум! (ВИДЕО)

Поранешниот репрезентативец Наумче Мојсоски, кој сега е директор на Агенцијата за Млади и Спорт, им посака среќа и им подели некој совет на ракометарите пред премиерниот настап на СП.

Прв ривал на Македонија е селекцијата на Шведска, а Мојсоски беше актер на двта меча против нив, на ЕП во Србија 2012 и потоа на квалификациите за ОИ во Гетеборг.

„Предмалку на нашите репрезентативци, на нашите најголеми амбасадори, на моите соиграчи, моите другари, им посакав среќа на СП во Египет! Знам дека овие храбри момци, овој тим ќе го даде својот максимум и ќе “гине” на терен! Горди сме на вас!“, напиша Мојсоски.

Двобојот меѓу Македонија и Шведска ќе се игра вечерва со почеток во 20:30 часот.