Михајловски: Стоилов е позитивен, но во добра здравствена состојба (ВИДЕО)

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, е позитивен на коронавирус и ќе биде во изолација во следните две седмици.

Тој вчера по утринскиот тренинг почувствувал омалаксаност и покачена телесна температура, па направил тест кој покажал дека е позитивен на коронавирус.

По направените тестови денеска на сите други играчи и стручниот штаб, доколку се утврди дека останатите ракометари и стручниот штаб се негативни, подготовките на клубот ќе продолжат според планот.

Вардар досега двапати се тестираше, еднаш пред почеток на сезоната и еднаш пред турнирот во Струга.

Претседателот на Вардар, Михајло Михајловски, потврди дека Стоилов е позитивен, но и дека се наоѓа во добра здравствена состојба.

„По вчерашниот утрински тренинг Стоилов се пожалил на покачена телесна температура и веднаш направи тест, но неговиот тест е позитивен. Стоилов сега е во добра здравствена состојба и не чувствува ниту еден симптом на вирусот“, изјави Михајловски за Канал 5.

Целосната негова изјава погледнете ја во продолжение…

Во Вардар се појави коронавирус – играчот изолиран, тимот повторно се тестира!

Познато е кој играч на Вардар е позитивен на коронавирус!

Нема публика во „Јане Сандански“: Вардар и Нексе ќе играат пред 12 новинари и 4 фоторепортери!