Лазаров прв стрелец, Нант и Кил ремизираа

Ракометарите на Нант и Кил одиграа цврст и неизвеен натпревар во Лигата на шампионите и после многу борба големите ривали ги поделија бодовите, мечот заврши 24:24.

Капитенот на македонската репрезетнација и нов селектор одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Нант. Кире Лазаров беше прв стрелец во својот тим со пет погодоци од кои два беа од седмерец.

Во поголемиот дел од натпреварот Нант беше во водство, поведоа со 4:2 но Кил брзо се врати и израмни. До крајот на првиот дел најчесто беше еден или два позитива за домашниот тим, а на полувремето Нант имаше три предност 12:9.

И вториот дел продолжи во ист ритам, Нант го диктираше резултатот а Кил постојано беше на два негатива. Финишот беше многу интересен, Кил израмни на 24:24, а потоа и двете екипи имаа напад за победа но не успеаја да реализираат и натпреварот заврши без победник.

Најефикасен со пет гола беше Лазаров, а Мин со четири гола беше втор стрелец. Нилсен имаше девет успешни интервенции. Во екипата на Кил, Вајнхолд со четири гола беше најпрецизен, а Винцек, Екберг и Ехриг постигнаа по три погодока.