„Еурофарм Пелистер ќе даде сè од себе, мечот против нас им е најголем предизвик“

Еурофарм Пелистер вечерва го очекува најтешкиот испит во групната фаза од Лигата на Европа.

Противник ќе биде бундеслигашот Рајн Некар Левен, а тренерот на германската екипа Мартин Швалб вели дека македонскиот состав има квалитетна одбрана

„Еурофарм Пелистер има робусна одбрана низ која не може лесно да се пробие. Тие се многу мотивирани, натпреварот против нас им е најголем предизвик во Лигата на Европа. Тие ќе се борат со сите средства и ќе дадат се од себе“, изјави Швалб.

Натпреварот меѓу Рајн Некар Левен и Еурофарм Пелистер ќе се игра вечерва во „САП Арена“ во Манхајм со почеток во 20:45 часот.

Кушан: Ќе играме на победа и ќе дадеме максимум, па што сака нека биде