Алушовски: Ќе мора нешто да менуваме…

Вардарци загубија со 32-36 од Мешков Брест во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.

Тренерот Стевче Алушовски вели дека во иднина ќе мора многу работи да се променат ако Вардар сака да победува.

„Честитки за Мешков Брест. Го отворивме мечот добро до 5-5, и направивме потоа несфатливи грешки што не се дозволени за натпревари во ЛШ и ќе мора нешто да менуваме во иднина. Не бевме на ниво на задачата во играта во одбрана, особено во првиот дел, а потоа беше тешко да се вратиме во мечот со минус осум. Мислам дека ќе треба многу работи да се сменат оваа година, доколку сакаме да се надеваме на добри резултати. Мора да гледаме напред, да работиме напорно, ова треба да биде лекција за сите нас“, вели Алушовски.

Вардарци од сабота ќе се посветат на домашните обврски во плеј-офот, на средината на месецот ги чекаат и натпревари во СЕХА, додека осминафиналните средби со Веспрем ќе бидат на програмата на 31 март или 1 април, како и на 6 или 7 април.