Ракометарката на Спартак, Ива Божиноска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 15. коло во Супер женската лига.
Таа имаше одлична партија на гостувањето кај Астибо во Штип и беше меѓу клучните ракометарки за победата.
Божиноска го освои првото место откако во анкетата, откако доби околу 80% од гласовите на читателите на 24Ракомет.
Во конкуренција за ѕвезда на 15. коло беа уште и членките на Ѓорче Петров и Чаир, Марија Гугуљанова и Рона Мифтари.
























