Новата сезона во Женската лига ќе стартува претстојниот викенд, но шампионот Ѓорче Петров на терен ќе биде дури следниот четврток.
Со нов систем, најавен и потврден во „5 до 12“, дамите ќе играат по групи. Иако многу од клубовите, повеќе од половина беа против ваквиот систем, сепак на крајот „прифатија“ да играат како што беше наложено од федерацијата.
Во групата А, Чаир и Скопје, се фаворити на домашен терен против Стружанка и Астибо, додека во групата Б, Пелистер исто така ја има фаворитската улога против гевгеличанки. Амбициозниот Металург Автокоманда гостува во Свети Николе и исто така прашање е само со колкава разлика ќе слави.
Во групата В, ослабениот состав на Вардар ќе биде на испит на гостувањето кај амбициозната Деспина, додека шампионот Ѓорче Петров, кој се чини сезонава тешко дека ќе има сериозна конкуренција, ќе биде само формално гостин кај Шампион, бидејќи овој меч ќе се одигра во „Христо Батанџиев“.
Женска лига, 1 коло:
група А
08/09, 17:00, Скопје – Астибо
08/09, 19:00, Чаир – Стружанка
Ѓорче Петров 2 слоб.
група Б
07/09, 14:30, Пелистер – Гевгелија
08/09, 20:00, Овче Поле СУ – Металург Автокоманда
Куманово слоб.
група В
07/09, 16:00, Деспина – Вардар
12/09, 19:00, Шампион – Ѓорче Петров
Спартак слоб.