Завршниот турнир во Купот на Македонија кој првично беше закажан за 17/18 мај, доби нов термин поради европскиот настап на „сино-белите“ од Автокоманда.
РФМ и останатите три учесника на Ф4, му излегоа во пресрет на тимот на Кирил Лазаров и Купот ќе се игра на 31 мај/1 јуни.
Локацијата на натпреварите во Купот на Македонија ќе биде дополнително одредена, а во пакет со машкиот, ќе се играат и средбите од Купот кај дамите.
Бранители на трофеите во Купот се „сино-белите“ на Лазаров кај мажите и Ѓорче Петров кај дамите.