Селекцијата на Србија имаше настап за заборав на Европското првенство и го заврши без ниту една победа во групата со Исланд, Унгарија и Црна Гора, иако од српскиот сосед најавуваа дури и медал.
Екс тренерот на Вардар и поранешен селектор на Македонија, Веселин Вујовиќ, за „Журнал“ ја прокоментира актуелната ситуација во српската репрезентација.
„Црна Гора победи заслужено. Немам замерки за ништо. Беше подобра во сите сегменти, покажа повеќе емоции, а Србија треба да се запраша како пивоти и дадоа 20 гола на два меча. Која одбрана ја игра, што? На 6-0…важно атмосферата е добра. Кога говорев во последните денови за тие работи и го најавував дека ова не ја води Србија кон добар ракомет, душманите сметаа дека сум имал личен интерес за да зборувам против селекторот и федерацијата. А јас не исмислив ништо, го зборував она што сите го гледаат, а никој не смееше да го каже. Искрено се надевам дека ова ќе биде сериозна опомена за луѓето во федерацијата, да направат промена во правецот, некаков рестарт, стратегија, бидејќи српскиот ракомет не може да падне подоле од ова. Ова е дно. Ростерот без Вања Илиќ, не знам од кои причини, ротирање, без тајм-аут кога Црна Гора се одвои на два или три гола – не разбирам. Видовме што значи тој шпански систем. А од системот што ние го имавме и го создававме, од системот со кој ја учевме цела Европа веќе нема ништо“, изјави Вујовиќ.
Србија сега ќе биде во вториот шешир за ждрепката за баражот за Светското првенство 2025 година и може да игра со селекции од типот на Шпанија, Норвешка, Холандија….на патот кон Мундијалот.