ВО ЖИВО: ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер (ЛИНК)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес во Унгарија ќе го одигра седмиот меч во Лигата на шампионите.

Ривал на македонскиот шампион ќе биде екипата на ПИК Сегед, која во досегашниот тек во елитата оствари две победи и едно реми.

Битолчани сѐ уште се немаат израдувано на првите бодови во Лигата на шампионите и токму на денешниот дуел против унгарскиот тим ќе атакуваат на прва победа.

Натпреварот меѓу ПИК Сегед и Еурофарм Пелистер ќе се одигра со почеток од 18:45 часот, а може да го гледате ТУКА и ТУКА.

Судии на овој натпревар ќе бидат браќата близнаци од Молдавија, Игор и Алексеј Ковалчук, додека делегат ќе биде Предраг Павичевиќ од Црна Гора.