ВО ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Келце (ЛИНК)

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денес ќе се соочи со полскиот гигант Келце во натпревар од 6. коло од Лигата на шампионите.

Пелистерци во досегашниот тек од сезоната во европската елита не успеаја да освојат бод, додека избраниците на Талант Душебаев имаат биланс од две победи, два порази и едно реми.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Келце ќе се одигра со почеток од 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Дуелот на избраниците на Ангеловски со европскиот вицепрвак може да го гледате ТУКА и ТУКА.

*за да го следите мечот преку ЕХФ ТВ ќе ви биде потребна регистрација во неколку чекори.