Организаторот на завршниот турнир во Купот кај дамите, општина Радовиш и Ракометната федерација на Македонија решија дека влезот во салата „25 Мај“ ќе биде слободен.
Во првото полуфинале од 17:00 часот, ќе играат Ѓорче Петров и Вардар, додека Чаир и Металург Автокоманда ќе се соочат од 19:30 часот.
Во Радовиш, машкиот суперлигаш привлекува голем број на љубители на ракометот, кои сега ќе имаат можност да уживаат и натпревари кај дамите.
Актуелен бранител на трофејот во женскиот Куп на Македонија е Ѓорче Петров, кој лани во финалето беше подобар од Чаир.