Висла го остави Целје на дното на табелата

Полски Висла Плоцк триумфираше на гости во Словенија кај Целје, 30-25 и го остави поранешниот европски првак закован на дното на табелата во Б групата од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите.

Со новиот пораз Целје останува како една од двете екипи што имаат највисока негативна гол разлика.

Во првото полувреме само трипати Целје имаше водство и неколкупати го израмни резултатот. Се друго беше во знакот на Висла. Сега полјаците се во игра и за шестото местпо, бидејќи имаат само два бода помалку од Порто кој допрва треба да игра.

Тин Лучин со 8 гола беше најефикаен кај гостите, заедно со Крајевски, давиџик и Михиќ, кои сите постигна по 4 гола. Кај Целје, осум гола даде Митја Јанц.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140