Веспрем не го дава тронот – по 30. пат стана шампион на Унгарија!

Екипата на Веспрем е шампион на Унгарија по 30 пат, откако ја доби финалната серија со ПИК Сегед со 2-0 во победи, а вториот триумф беше на гости со 36-34.

Иако ПИК Сегед ја имаше предноста на домашниот терен во вториот меч, водеше и со пет гола во првиот дел, 17-12, сепак не успеа да ја задржи до крајот таквата залиха.

До паузата Веспрем, иако ослабен по црвениот картон на Дос Сантос, успеа да намали на минус три, 19-16, а второто полувреме чекор по чекор ја стопи негативата и направи комплетен пресврт.

Осум гола за Веспрем даде Хешам, а седум пати стрелаше Пешмалбек, додека кај ПИК Сегед по шест погодоци постигнаа Род, Шоштариќ и Банхиди.

Со оваа победа, Веспрем се квалификуваше за наредната сезона во Лигата на шампионите, а ПИК Сегед ќе бара вајлд-карта.

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________