Унгарски Веспрем се обидува да направи тим кој ќе има „хемија“ и тренер со кого ќе стигнат до титулата во ЕХФ лигата на шампионите, и решија да го купат Шпанецот Чави Пасквал од Динамо Букурешт. Унгарците имаат нов спозор, и ќе платат 200.000 евра обештетување за доаѓањето на Пасквал.
Тој ќе има рок од две сезони да ја освои Лигата на шампионите и ќе добие месечна плата од 30.000 евра. На листата на оние што може да заминат е и Лука Циндриќ, кој има таква клаузула во договорот.
Замената за Пасквал, според „ГСП“ веројатно би била Давид Дејвис. Тој беше во комбинација и кога Пасквал беше назначен з атрен ер во Динамо Букурешт.
Динамо Букурешт сезонава се надева на „специјална покана“ од ЕХФ з аиграње во лигата на шампионите, бидејќи лани извисија. Сега стигнаа до Ф4 турнирот во Лига европа, а во домашното првенство доминираа.