Ракометарките на Вардар се израдуваа на 13-та победа во Женската лига, откако без многу проблеми славеа над Шампион со 45:19.
Вардарки со денешниот триумф го зголемија бодовното салдо на свое конто, но остануваат позиционирани на 5. позиција на табелата.
Гостинот победата ја обезбеди со одличната игра во двете полувремина, на пауза имаше предност од 26:8, додека во вториот дел не дозволи никакво опуштање.
Најефикасна во победничката екипа беше Ивона Трпевска со десет погодоци, седум постигна Симона Василева, по шест имаа Борјана Коцева и Бојана Радевска.
Кај тимот на Шампион прв стрелец беше Ангела Петровска, која во мрежата на гостинот успеа да постигне осум погодоци.
Вардар во следното, 19. коло за ривал го има составот на Гевгелија и на овој дуел се очекува „црвено-црните“ да дојдат до уште една лесна победа.
Шампион следниот викенд ќе гостува во Штип кај тимот на Астибо, кој вчера очекувано беше поразен од вицепрвакот Куманово.