Вардар и Тиквеш на 100%, Еурофарм Пелистер според планот

Со натпреварот меѓу екипите на Бутел Скопје и Голден Арт беше комплетирано 4. коло во суперлигашката конкуренција.

На осум одиграни натпревари беа постигнато вкупно 446 погодоци, најмногу погодоци паднаа на дуелот меѓу Аеродром и македонскиот вицепрвак, вкупно 74 погодоци. На оваа средба, тимот од Автокоманда дојде до убедлива победа против дебитантот од 44:30.

Екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар, кои се дел од групата Б, дојдоа до лесни победи на гостувањето во Неготино, односно Прилеп. Пелистерци славеа против Вардар Неготино со 32:17, додека Вардар под Марковите Кули триумфираше со 35:22.

Битолчани сега на свое конто имаат три победи и гостувањето во Неготино беше загревање и полесен тренинг за избраниците на Александар Јовиќ пред пред следните суперлигашки предизвици и со ПСЖ во Лигата на шампионите. Неготинци во првиот дел со битолчани покажаа дека поседуваат суперлигашки квалитет, имаа неколку атрактивни погодоци, потези, а голманот Александар Мицев имаше свои минути на теренот.

Вардар со победата во Прилеп дојде до „четири од четири“ и моментално е лидер во групата Б, во која има интересна борба за место во плеј-оф фазата. Вардарци бодовите во Прилеп ги освоија уште во воведниот дел и во текот на целиот натпревар одржуваа висока резултатска предност.

Ракометарите на Пролет имаат посакуван старт во новата натпреварувачка сезона и се на добар пат да дојдат до место во плеј-офот. Тимот предводен од Лембанов во 4. коло целосно го надигра дебитантот во Супер лигата, триумфираше со 32:27 и со новата победа дојде до девет бода, исто колку што има и актуелиот бранител на титулата, Еурофарм Пелистер.

Бутел се врати во игра за место на табелата во Б групата што води во плеј-офот откако во градското дерби го победи Голден Арт со 29:23. Двете екипи покажаа и низа слабости, па така во следниот период ќе треба да работат на грешките. Главен фактор за победата на Бутел беше голманот Бојан Блажески, кој забележа 13 интервенции.

Освен Вардар и вицепрвакот, третата екипа која има 100% ефект е амбициозниот тим на Тиквеш. Клубот од Кавадарци ја продолжи победничката серија и на гостувањето во Куманово кај истоимената екипа славеше со 28:16. Поразот од Тиквеш за Куманово беше четврти во низа, па така во првиот Куп освојувач на Македонија е веќе вклучено “црвеното светло”.

Струга ја запиша првата домашна победа, го совлада Скопје со 37:28. За избраниците на Наум Танески победата против Скопје беше и повеќе од потребна, сега имаат шест бода и остануваат во игра за едно од местата кои водат во плеј-офот. Исто како Куманово, тимот на Скопје има четири порази.

На трета победа во Супер лигата се радуваше Охрид, откако во неизвесен финиш го победи незгодниот тим на Еурофарм Пелистер 2 со 24:22. Младите битолчани покажаа дека ќе бидат тврд орев за секој ривал, па и за оние со поголем буџет и поквалитетен ростер.

Супер лига, 4. коло, резултати:

Група А

Аеродром – Алкалоид 30:44 (ИЗВЕШТАЈ)
Охрид – Еурофарм Пелистер 2 24:22 (ИЗВЕШТАЈ)
Струга – Скопје 37:28 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Тиквеш 16:28 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД11110033
2ВАРДАР 196111100130
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1190227
4ОХРИД1180324
5БУТЕЛ1160518
6ТИКВЕШ 20141151516
7ПРОЛЕТ1142514
8ПРИЛЕП1141613

Група Б

Прилеп – Вардар 22:35 (ИЗВЕШТАЈ)
Бутел – Голден Арт 29:23 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар Неготино – Еурофарм Пелистер 17:32 (ИЗВЕШТАЈ)
Пролет – Мулти Есенс 32:27 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126