Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 13. коло од плеј-оф фазата во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Во изборот за ѕвезда на 13. коло од плеј-оф фазата има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Металург Автокоманда и Чаир.
За ѕвезда на колото може да гласате до вторник до 12:00 часот.
Женска лига, плеј-оф, 13. коло, резултати:
Вардар – Ѓорче Петров 23:32 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Чаир 26:47 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Металург Автокоманда 20:27 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 13. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА
Есма Муратовиќ (Ѓорче Петров) – Црногорката одигра одлично на натпреварот против Вардар и беше меѓу најдобрите на теренот.
Стефанија Ѓорѓиевска (Чаир) – Левото крило има одлична сезона, а на натпреварот во Штип беше незапирлива со 13 погодоци.
Марија Јанкуловска (Металург Автокоманда) – Младата ракометарка беше една од предводничките во убедливиот триумф на гостувањето во Куманово.