Eдинствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, од сезонава избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 11. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Во изборот за ѕвезда на 11. коло има по една ракометарка од Вардар, Ѓорче Петров и вицепрвакот Куманово.
За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.
Женска лига, 11. коло, резултати:
Стружанка – Куманово 19:28 (ИЗВЕШТАЈ)
Скопје – Овче Поле СУ 26:22 (ИЗВЕШТАЈ)
Деспина – Астибо 28:22 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Пелистер 38:25 (ИЗВЕШТАЈ)
Чаир – Гевгелија 38:13 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Шампион 62:17 (ИЗВЕШТАЈ)
Спартак – Вардар 34:39 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 11. КОЛО
Ивона Трпевска (Вардар) – Десното крило на „црвено-црниот“ тим продолжува во одличната форма и со 17 погодоци го предводеше Вардар до победа над Спартак.
Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров) – Битолчанката во дуелот против Шампион постигнуваше голови како од шега, имаше дури 20 реализации.
Габриела Величковска (Куманово) – Искусната ракометарка одигра за „десетка“ против Стружанка и го водеше својот тим до убедлива победа.