ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Татабања на шопинг во ПСЖ, Кулак во Зенит, Висла го „врза“ Јастржебски до 2028

  • Украинскиот интернационалец Евгениј Буниенко му се врати на ракометот по кратката пауза и ќе игра во првенството на Босна и Херцеговина. Кружниот напаѓач потпиша за екипата на Коњух Живинице.
  • Средниот бек Артем Кулак на крајот на сезоната ќе си замине од Чеховски Медведи, пишуваат белоруските медиуми. Тој на лето би требало да стане ракометар на амбициозниот Зенит Санкт Петерсбург.
  • Младиот голман на Висла Плоцк, Марсел Јастржебски, по одличните партии во Лигата на шампионите оваа сезона, си доби нов договор од полскиот вицепрвак и ќе остане во Плоцк најмалку до 2028 година.
  • Средниот бек на унгарската репрезентација и на тимот на Дебрецин, Петра Вамос, ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата. Според „Upskill handball“, од лето таа ќе стане играч на францускиот Мец.
  • По Кристијан Дисингер, тимот на Татабања договори уште едно засилување. Станува збор за средниот бек на ПСЖ, Саду Н’танзи, кој не добива голема минутажа во тимот на Раул Гонзалес, па се реши за нов предизвик.