- Унгарскиот репрезентативец Адриан Сипос ја продолжи соработката со бундеслигашот Мелсуген и ќе биде дел од тимот што е предводен од Роберто Гарсија Парондо најмалку до 2026 година.
- Хрватскиот лев бек Јосип Шарац заминува од бундеслигашот Гепинген по истекот на договорот и во иднина ќе ги брани боите на унгарската Татабања, со која се обврза на соработка на две сезони.
- Левиот бек на шпанскиот Гранољерс, Феран Кастиљо, би требало да се пресели во Спортинг Лисабон и да биде замена за Матим Кошта, кој е поврзуван со трансфер во Веспрем, пишува „RTHandball“.
- Десниот бек на египетскиот Ал Ахли, Мошен Рамадан, е на добар пат да се пресели од идното лето во португалскиот првак Спортинг Лисабон. Таму одлично игра Франциско Кошта, но и тој е на радарот на многу екипи, па Спортинг веќе бара замена.
- Средниот бек на Лајпциг, Лука Викце, ќе замине идното лето од овој клуб, но ќе остане во Бундес лигата, пишува „Билд“. За него се заинтересирани Фленсбург и Рајн Некар Левен.