Некогашниот среден бек на Металург и Охрид, Халил Озтурк, по епизодата во Катар Спорт, се врати во татковината. Озтурк потпиша договор со тимот на Бејкоз и таму ќе игра до крајот на сезоната.
Црногорската репрезентативка Дијана Мугоша се обврза на нова соработка со тимот на Крајова. Романскиот клуб објави дека левото крило ќе остане нивна ракометарка најмалку до 2026 година.
Бундеслигашот Вецлар, каде асистент тренер е Филип Миркуловски, донесе нов кружен напаѓач за следната сезона. Тоа е 19-годишниот Георг Левен, кој доаѓа од европскиот првак Магдебург и ќе им прави друштво на Владимир Врањеш и Расмус Ејлерсен.
Тимот на Штутгарт постигна нов договор со плејмејкерот Макс Хефнер. 27-годишниот Хефнер, кој ја игра седмата сезона во Штутгарт, се обврза на соработка од една сезона и ќе остане најмалку до 2025 година.
Европскиот вицепрвак Ференцварош го засили својот ростер за следната сезона со четири ракометарки. Ференцварош ги донесе Русинките Дарија Дмитриева и Валерија Маслова, како и Французинките Лора Глосе и Орлан Канор, па Ѓер добива уште посилен ривал во унгарскиот шампионат.