По настапите за Лудвгисхафен, македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски од ова лето одново е во Бундес лигата.
Тој го брани голот на Потсдам и веќе го одигра првиот натпревар во новата сезона, а неговиот тим беше поразен од Битигхајм со 28-26.
Македонскиот чувар на мрежата имаше солидна партија и запиша седум одбрани на првиот бундеслигашки меч по три сезони.
Тимот на Томовски во второто коло ќе игра против Мелсунген, па Македонецот ќе има можност своите квалитети да ги покаже и против тимот на Роберто Гарсија Парондо.
Македонскиот голман две сезони бранеше во тимот на Лудвигсхафен, пред да се врати во Вардар, каде остана три сезони.