Тиквеш останува без најдобриот стрелец

Еден од најдобрите стрелци во Супер лигата, Ани Обина, на крајот на оваа сезона ќе го заврши својот престој во Македонија.

На нигерискиот десен бек му завршува договорот со Тиквеш и ќе ја продолжи кариерата во друго првенство, дознава 24Ракомет.

Тој дојде во Кавадарци пред две сезони од рускиот Зенит, остави одличен впечаток и веднаш стана миленик на „Лозари“.

Обина e најдобриот стрелец на кавадаречкиот тим, па раководството ќе мора да се потруди да најде соодветна замена.