Талески ефикасен, Бенфика убедлива против Аванка

Тимот на Бенфика каде што игра македонскиот репрезентативец Филип Талески забележа победа во португалскиот шампионат.

Бенфика славеше на гостински терен кај Аванка со 42-32, а победата беше обезбедна уште по првиот дел кога тимот од Лисабон водеше со 21-12.

Македонскиот лев бек беше меѓу најдобрите стрелци во тимот на Хота Гонзалес со четири постигнати погодоци.

Бенфика сега има 43 бодови на третото место на табелата, Порто е со 48, додека прв е Спортинг со 51 бод, а следниот викенд игра дерби дома со тимот на Никола Митревски.