Селекторот на машката младинска репрезентација, Раде Стојановиќ, го објави поширокиот список на ракометари од кои ќе се бараат патниците за Мундијалот во Полска.
На списокот се сите оние на кои и досега сметаше Стојановиќ на последните акции, а има и некои нови лица од кадетската репрезентација.
Меѓу 35 ракометари на поширокиот список има само еден интернационалец – Борјан Дамјаноски од австрискиот Грац.
Македонија во рамките на ЕХФ неделата во мај ќе игра две пријателски средби – една со Бутел Скопје, а втората или со Вардар или со Пролет.
Макеоднските младинци се во група со Романија, Исланд и Фарски Острови на Мундијалот, а своите натпревари ќе ги играат во „Сподек Арена“ во Катовице.