ЅВЕЗДА НА 1 КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – ЕМИЛИЈАНА РИЗОСКА (ЃОРЧЕ ПЕТРОВ)

Ракометарката на Ѓорче Петров, Емилијана Ризоска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 1. коло од Женската лига.

Ол-раунд ракометарката која може да игра и на крилните и на бековските позиции, беше меѓу најдобрите во победата на Ѓорче Петров кај Пелистер.

На гостувањето во Битола, Ризоска постигна девет погодоци во мрежата на домашниот тим и подели неколку асистенции до колешките.

Ризоска освои околу 51% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека имаше силна конкуренција во Сара Стефаноска.

Вардарката освои 41% од гласовите, а во конкуренција за ѕвезда на колото беше и ракометарката на Куманово, Сара Цветановска.