„Сонот за титула не ни дава мирно да спиеме“

По долго време во српскиот шампионат се појави екипа што се закани дека може да го прекине владеењето на Војводина.

Тимот на Партизан предводен од Ѓорѓе Чирковиќ, го заврши првиот дел од првенството без пораз и има амбиции да биде шампион, а игра важна улога и во Европскиот Куп, каде дотурка до осминафиналето.

„Имаме големи амбиции на сите фронтови, но освојувањето на титулата е нeшто што ни е зацртано. Колку е тоа реално кога екипата што ни е главен конкурент и понатаму има двојно поголем буџет од нас, ќе видиме. Некогаш мора да си поставите нереални цели, ако сакате напредок. Титулата ни е сон на сите во клубот. А сонот не е тоа што се случува додека спиете, туку тоа што не ви дава да спиете. На сите не ни дава да спиеме и воопшто не не интересира што другите мислат за тоа“, вели Чирковиќ.

Партизан дополнително се засили со Петар Ѓорѓиќ, Стеван Вујовиќ и Михајло Радојковиќ, па сега некогашниот тренер на Еурофарм Пелистер има широк ростер на располагање.