Следуваат вистинските возбудувања на ЕП – остана најдоброто од Европа

Денеска започнува главната рунда на Европското првенство во Германија со три дуели од групата 2 што ќе се игра во Хамбург.

Ќе се соочат Норвешка и Португалија, екипи што влегоа во оваа фаза без бодови, па ќе имаат шанса да се израдуваат на прв бод во главната рунда.

Потоа ќе игра светскиот првак Данска против Холандија, додека европскиот шампион Шведска ќе се соочи со Словенија.

Натпреварите од групата 1 во главната рунда ќе се играат во „Ланксес Арена“ и ќе стартуваат од утре.

Teрмините за сите натпревари од главната рунда во следните осум дена ќе бидат од 15:30, 18:00 и 20:30 часот.

ЕП 2024 Германија, главна рунда:

Група 1
1. Унгарија 2
2. Франција 2
3. Хрватска 1
4. Австрија 1
5. Германија 0
6. Исланд 0

Група 2
1. Данска 2
2. Шведска 2
3. Словенија 2
4. Холандија 0
5. Норвешка 0
6. Португалија 0