Македонскиот шампион Ѓорче Петров го дозна ривалот во четвртфиналето на Европскиот Куп.
Противник на „лавиците“ од Ѓорче Петров ќе биде шпанскиот тим Елче, кој во претходната рунда ја елиминира португалската Мадеира.
Натпреварите од четвртфиналето ќе се играат на 9/10 март, односно 16/17 март, а македонскиот првак ќе го игра реваншот на домашен терен.
Доколку ја мина оваа пречка, Ѓорче Петров, во полуфиналето оди на победникот од шпанскиот двобој меѓу Гран Канарија и Гранољерс.